Актерот стана заштитно лице на новиот верзија на машкиот парфем Sauvage на „Диор“, а по неколку најави и прикажување на рекламни фотографии, еве го Џони Деп во видео режирано од страна на Жан Баптист Мондино. Видеото почнува со една рокерска солажа на Деп во Лос Анцелес, но продолжува со неговото бегство длабоко во пустината. Ова не само што е прва соработка на 52-годишниот актер со модната куќа „Диор“, туку и прво негово појавување во реклама за парфем или козметика. Парфемот од денес почнува да се продава во парфимериите ширум светот.
Нема коментари