Прва работа што ја забележуваме на пролетната рекламна кампања на Марк Џејкобс со новото заштитно лице Мајли Сајрус е замислениот, може да се рече тажен и мрачен израз на лицето на пејачката. Втората работа е дека фотографиите од промотивниот материјал не се на Јирген Телер, долгогодишен соработник на Џејкобс, туку на Дејвид Симс. „Со години работам со Јирген и го сакам како уметник. Но, тој едноставно не сакаше да ја фотографира Мајли,“ објаснува Марк. Претпоставуваме дека Телер поставил ултиматум, или тој или Мајли. Очигледно фотографот нема голема почит кон скандалозната пејачка. Марк сепак ја избра Мајли. „Сите ја сакаме Мајли и нејзиното битие, нејзината енергија, талентот, интелигенцијата, сè сакаме. Нема ништо што не ми се допаѓа кај Мајли. Таа е толку природна и оригинална,“ смета дизајнерот. Очигледно Јирген не се согласува со неговата констатација. Значи ли ова крај на соработката и пријателството меѓу фотографот и дизајнерот!?
Нема коментари