Американската прва дама д-р Џил Бајден е лицето од насловната страница на августовскиот број на Vogue, таа позира пред објективот на Ени Лејбовиц облечена во цветен фустан со потпис на Оскар де ла Рента. Во разговор со списанието, Бајден зборува за активизмот и проектите што ги имплементира како прва дама на САД, за нејзината вклученост во процесот на отворање нови училишта и во програмата за вакцинирање, но и за модата.
View this post on Instagram
Зборувајќи за модата, Џил Бајден се осврна и на коментарите за „оние мрежестите хулахопки“ што ги носеше во април годинава, и кои предизвикаа негодување дека се несоодветни за нејзината функција. -Неверојатно е колку луѓето обрнуваат внимание на секој мал детаљ. И тие не беа мрежести, не беа од чипка, тие беа многу убави хулахопки – вели Џил за „инцидентот со хулахопките“. Првата дама се истрајна со своите модни комбинации да искаже поддршка на познатите, но и и на неафирмираните американски дизајнери. -Сакам да избирам облека од разновидна група дизајнери. Кога ги планирав комбинациите за инаугурацијата, тоа беше една од работите што ги разгледав – вели првата дама. Во фотосесијата за Vogue, креации од американските дизајнери Ралф Лорен и Мајкл Корс.
View this post on Instagram
Нема коментари