Новата Адел за покул клинци! Со овие зборови ја опишуваат британските медиуми соул-пејачката и кантавторка Џеси Вер. Магазинот Clash, пак, за нејзе напиша дека е „алката што недостасуваше меѓу Адел, SBTRKT и Шаде“. Музичарката, која веројатно повеќето ја препознаваат по нејзниот хит сингл Wildest Moments, вчера во Британија го промовира својот втор албум Tough Love, кој веднаш доби позитивни критики, и беше наречен достоен наследник на деби-изданието Devotion, издаден пред две години. Од новото цеде веќасе издвојуваат сингловите Tough Love и Say You Love Me. Вер има завидна армија обожаватели ширум Европа, а доказ за нејзината популарност се и расподадените концерти во регионот, како тие во Загреб и во Солун. Нејзината музика се дефинира како современ или нео соул , комбинација на аренби и електричен поп. Текстовите се љубовни, длабоки, интимни, отсликувајќи ги проблемите и емоциите со кои се соочува современа жена. Покрај одличните вокални способности, оваа симпатична лондончанка, која утре ќе полни 30 години, важи за новата модна икона. Препознатлива е по својот кул имиџ, кој е минималистичкиот андоген стил, со креации позајмени од машкиот ормар. Често ја гледаме во црно-бели комбинации,но сака имиџот да го освежи со пин-ап елементи и кроеви во стилот на 50-тите години.
Нема коментари