Џесика Алба деновиве ја претстави козметичката линија со потпис на нејзиниот бренд Honest и објави рекламна кампања со која ја слави разновидната убавина. Преку кампањата таа сака да порача дека во нејзината линија на шминка има бои и пудри за секој тон на женскиот тен. На пример, Honest Beauty содржи осум бои на течна пудра со бои од светла „снег“ до темна „какао“. Козметичката линија има 17 видови на прозиводи за нега на кожа, како лосини за чистење и креми, како и 66 производи за шминкање –пудри, моливи, сенки, руменила, кармини, кои се формулирани без парабени, сулфати, минерални масла и вештачки мириси. Целта на Алба е да претстави козметика и шминка со предзнак „природна“, но која во исто време ќе понуди голем избор на бои кои одговараат на различни жени од различни раси и етникуми. Таа самата како латино жена често се соочувала со пронаоѓање вистинска боја на течна пудра, па секогаш мешала две-три нијанси за да ја добие вистинската. Сега Honest Beauty ќе понуди разновидна убавина и ќе ја слави убавината на разновидноста.
Алба приказната за брендот Honest ја почна со нетоксични и еко-пелени и средства за чисење на домот, потоа брендот се ширеше во повеќе категории, и иако летово компанијата доби сериозни критики дека нивните креми со заштитен фактор не функционираат, актерката сега влегува во бизнис со козметички производи. Исто така Алба, која успеа да создаде компанија вредна преку милијарда долари, деновиве треба да се одбрани од судската тужба дека нејзините производи неосновано се класифицирани како „природни“, иако содржат синтетички состојки.
Нема коментари