Црвенокосата актерка Џесика Частејн е заштитно лице на новиот парфем на „Ив Сен Лоран“. Ова е втор ваков ангажман за холивудската убавица за брендот. Овој пат ќе го промовира парфемот Manifesto L’Eclat, кој е за сезоната пролет 2014, а ќе се најде во светските парфимерии наскоро. Мирисот има ноти на зелен чај, бергамот, рибизли и друго. Таа одлично се снајде во улогата на модел и за претходниот парфем на брендот.
-„Ив Сен Лоран“ е бренд што ме одушевува. Од неговото создавање, куќата пренесува значајни вредности кои ги ценам, како што е непоколеблива посветеност, апсолутна љубов и женска храброст. Новиот мирис е симбол на сето тоа-изјави актерката во една прилика.
Нема коментари