Додека деновиве трае еуфоријата за новата епизода на „Војна на ѕвездите“ американското издание на Vogue се потсети на една своја фотосесија од 1977 (годината кога беше објавен првиот филм од серијалот), во која главна улога имаат тогашните популарни манекенки Џери Хол и Марија Хенсон. Но не се сами, друштво им прават Дарт Вејдер, C-3PO, и уште неколку ликови од филмот. Едиторијалот објавен во ноемврискиот врој во 1977 година е наречен The Force of Fur (Силата на крзното), а на веб страната на Vogue освен што е објавена принт верзијата, има и неколку необјавени фотографии од фотосесијата. Фотографиите се на Еисуке Ишимуро.
Нема коментари