Џенифер Лопез го следи примерот на познатите колешки актерки и пејачки кои промовираат своја дизајнерска или козметичка линија, и по големиот успех со парфемите што го носат нејзиното име, влезе и во светот на шминката и креира мејкап колекција од 70 производи за познатиот бренд Inglot. Нејзиниот долгогодишен шминкер Скот Барнс пред неколку недели објави фотографија на Инстаграм и напиша дека бронзерот што го користел да ја нашминка Џенифер е од нова колекција која наскоро ќе биде лансирана. Првата официјална информација дојде вчера кога самата Џенифер ја најави соработката со Inglot на својот Инстаграм профил и веднаш предизвика голем интерес.
Вообичаено колекциите соработка со позната личност се капсулни и од неколку производи. Но, колекцијата на Лопез за Inglot ќе содржи 70 производи, како неколку хајлајтери, кармини, сенки за очи, маскари, руменила, и секако бронзери кои секогаш се дел од нејизниот изглед. Како што вели таа самата, колекцијата ќе ги има сите производи што таа ги користи и тоа во нејзините омилени бои. Шминката со потпис на Џенифер Лопез ќе почне да се продава од 17 април на веб страната jenniferlopezinglot.com, од 26 април во продавниците на брендот, ќе следиме дали овие производи ќе дојдат и во продавницата на Inglot која се наоѓа во Рамстор Мол во Скопје.
*Не е дозволено пренесување на содржината на www.stylist.mk без одобрение на уредништвото. При објавување на материјали од модниот сајт www.stylist.mk, во други медиуми задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот и поставете хиперлинк. Цитирањето и објавувањето на линкот е задолжително, во спротивност ќе подлежите на правни мерки.
Нема коментари