Како тинејџерка сакала да ја носи облеката на Guess, сега Џенифер Лопез стана и заштитно лице на овој американски бренд. Пејачка, актерка, танчерка, отсега и амбасадор на брендот по покана на сопственикот Пол Марчијано и се појавува на првите фотографии од кампањата за пролет 2018. „Бев возбудена која ми се јави Пол и побара да бидам новата Guess девојка, одушевена сум што сум дел од таков иконичен бренд што го сакам уште од тинејџерските денови“, изјави Лопез која позира на црно-белите фотографии облечена во бела кошула врзана во чвор и со стајлинг кој потсетува на ретро холивудски гламур.
Кампањата е снимена од страна на фотографката Татјана Герусова и е инспирирана од животот на Лопез како холивудска актерка и музичка ѕвезда во Лас Вегас. „Влијанието на Џенифер продолжува да се развива и во оваа кампања се прославува идејата дека жените стануваат поубави и поталентирани како што добиваат животно искуство. Нејзината убавина и класа блескаат низ оваа кампања“, изјави Марчијано.
*Не е дозволено пренесување на содржината на www.stylist.mk без одобрение на уредништвото. При објавување на материјали од модниот сајт www.stylist.mk, во други медиуми задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот и поставете хиперлинк. Цитирањето и објавувањето на линкот е задолжително, во спротивност ќе подлежите на правни мерки.
Нема коментари