Актерката и заштитното лице на француската модна куќа „Диор“ се појавува во видео и принт реклама за кармините од линијата Dior Addict, облечена во розов фустан и со интензивно розов кармин на усните. Оскаровката Џенифер со новото видео ја промовира ажурираната верзија на линијата кармини ласнирана уште во 2001 година. Кампањата за сјајните кармини оди заедно со ознаката #Shinedontbeshy. Колекцијата содржи 45, некои стари, но и нови бои, најчесто со светкаво бисерен финиш, а формулата е збогатена со хидра-гел и маслен комплекс кој допринесува за посјајни и похидрирани усни. Кармините од денес се достапни на светскиот пазар.
Нема коментари