Познатата актерка и оскаровка Џенифер Лоренс во моментов е на светска промотивна турнеја на која заедно со колегата Крис Прат го претставуваат новиот заеднички филм „Патници“, а впечаток остава нејзиниот изглед на црвениот килим на премиерите во светските метрополи на кои носеше креации од француската модна куќа „Диор“. Како заштитно лице на „Диор“, Лоренс на повеќето настани се појави во креации на куќата, поточно во различни бајковидни фустани од првата колекција на Марија Грација Кјури за „Диор“. На премиерата во Лос Анџелес носеше бел долг фустан со голи рамена и детаљ во вид на везено срце, во Сеул светло плава тоалета со сребрен вез на мач, а во Париз се појави во необична комбинација од здолниште од тул и плетен џемпер. Сите изгледи на Џенифер потсетуваат на стилот на „Пепелашка“, но на еден повагангарден и посовремен начин.
Нема коментари