Новиот трејлер за Red Sparrow (Црвениот врабец) уште повеќе го зголемува интересот за еден од најочекуваните филмови за оваа година, во кој оскаровката Џенифер Лоренс глуми балерина која станува руски таен агент. Нејзиниот лик Доминика по случај на околности станува дел од групата на „врапци“, кои се обучувани да станат оперативци на КГБ, а во приказната се вплеткува и еден агент на ЦИА…
Филмот премиера ќе има на почетокот на март, а според најавите веднаш ќе се прикажува и во домашните кина. Режисер е Френсис Лоренс, филмот е работен според истоименот роман на Џејсон Метјуз, а покрај Џенифер глумат Џоел Еџертон, Матијас Шонартс, Џереми Ајронс, Шарлот Ремплинг и Мери-Луиз Паркер.
Нема коментари