Aктерката Џенифер Конели во понеделникот се појави на премиерата на својот нов филм „Ное“ во Мексико Сити облечена во оваа тоалета од колекција на висока мода на „Живанши“ и со еден потег покажа како треба да се изгледа на црвен килим: секси и стајлиш, истовремено авангардно и поразлично од вообичаените холивудски гламурозни фустани. Нејзиниот избор е храбар, но не премногу нападен и не ги преминува границите на вкус. Пудресто розовиот фустан со светкави апликации го истакнува нејзиното деколте, но и ја нагласува половината на актерката, притоа формирајќи сексапилна силуета. Во изборот на тоалета за овој настан, Џенифер и нејзиниот стилист ја отворија архивата на модната куќа „Живанши“ и таму го пронајдоа овој модел претставен во 2009 година, поточно тој е дел од колекцијата на висока мода за есен-зима 2009.
Нема коментари