Дваесет и деветгодишната актерка Јелена Јованова е во конкуренција за новата Бонд-девојка, јавуваат српските и хравстките медиуми. Македонската глумица, по успешниот прбив со филмот „Во земјата на крвта и медот“ на Анџелина Џоли и хрватскaта теленовела „Тајни“, има шанса да се појави и во 24. филм за британскиот таен агент 007, Џејм Бонд.
Според пишувањето на српски „Блиц“ Јелена била контактирана преку кастингот на нејзината менаџерка од Сараево, не била на аудиција туку бил избрана врз основа на видео-снимки. Рекла дека не е сигурна дека ќе успее да игра покрај актуелниот Бонд, Даниел Крег, бидејќи се уште не добила никаков повик или потврда од Лондон.
Јованова изминатава година живее на релација Скопје-Загреб. Минатата година се појави како заштитно лице на првиот парфем со потпис на македонски дизајнер, Actress, на Тања Кокев. Според пишувањата на светските медиуми, во игра за новата Бонд-девојка се повеќе музички, модни и актерски ѕвезди меѓу кои: поп-пејачката Ријана, топ-моделот Кара Делевињ, франуската актерка Леа Сејду, шанската глумица Пенелопе Круз и Џоан Фрогат од серијата Downton Abbey.
Нема коментари