Глумицата Јелена Јованова на актуелниот филмски фестивал „Браќа Манаки“ во Битола се појави во улога на актер во почетнта точка и на водител на отворањето на фестивалот. Таа и во двете „улоги“ носеше впечатлив костим кој е дело на нашата еминентна креаторка Лидија Георгиева – стилизиран црн смокинг и розови панталони.
-Костимот на Јелена е специјално креиран за „Манаки“, како омаж на почетоците на филмот, а така беше смислена и целата точка – како кабаре. Но, сепак за проектот не сакавме да играме на црно-бела варијанта, туку одбрав бои кои потсетуват на ретро атмосфера. Силуетата потсетува на најпознатиот скитник на немиот филм – Чаплин. Се работи за смокинг од црна луксузна тантела и пудресто розови панталони збогатени со тантела од антикварница – ни објасни Лидија.
Актерката Јованова ја носеше оваа креација за време на перформансот на гала отворањето на фестивалот, осмислен од режисерот Срѓан Јанаќијевиќ, во кој се појавуваат балерината Ивана Коцевска, пијанистката Дуња Иванова, а тимот е дополнет со модната дизајнерка Георгиева, Надежда Рубен, Јовица Ивановски, Андреја Наунов и Илија Тарчуговски.
Дизајнерката ни откри дека балерината Коцевска е во стајлинг кој одговарал на концептот на режисерот Јанаќијевиќ – туника од коса, креација на студентот на Лидија, Медаин Аслан.
Лидија Георгиева ќе го подготви стајлингот на Јелена Јованова и за затворањето на „Манаки“, засега може да отрие дека тоа ќе биде црна коктел туника и модни додатоци од VIA.
*Не е дозволено пренесување на содржината на www.stylist.mk без одобрение на уредништвото. При објавување на материјали од модниот сајт www.stylist.mk, во други медиуми задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот и поставете хиперлинк. Цитирањето и објавувањето на линкот е задолжително, во спротивност ќе подлежите на правни мерки.
Нема коментари