Две талентирани македонски актерки кои се успешни и на меѓународната сцена, Јелена Јовано и Наташа Петровиќ, се избор на уредниците на домашните списанија Unique и „Портрет“ како лица од насловните страници за месец февруари.
Јелена Јованова е на првата страница на Unique облечена во креација на Јована Филиповиќ, а насловната е во знакот на црвената боја. Уредниците февруарскиот број го најавуваат како „Специјално RED издание на Unique = слатко задоволство за Валентајн кое можете да си го дозволита. На насловната е фантастичната Јелена Јованова“.
Фотографија: Ани Дими/ Стајлинг: Милена Танаскоска/ Шминка: Дарко Мишовски/ Фризура: Дарко Петковски
Актерката Наташа Петровиќ ја разубави насловната страница на февруарскиот број на „Портрет“, а списанието за неа вели „таа верува дека секој од нас ја живее сопствената бајка и драматична љубовна приказна“. Наташа на насловната носи модел од Ивана Арсовска, но акцентот е повеќе ставен на нејзиниот портрет, и на шминката и фризурата.
Фотографија: Жарко Чулиќ/Стајлинг: Бојана Максимовска/ Шминка: Јована Коциќ/ Фризура: Дарко Петковски
Нема коментари