Во 90-тите години беше од најпознатите манекенки од нашиве простори на светската сцена, своевремено ја гледавме на ревиите на Реи Кавакубо и Жан Пол Готје, српската манекенка Јелена Ивановиќ после пауза од 15 години повторно се појави на Париската модна недела на ревијата на Исеј Мијаке. Таа сподели на својот Инстаграм профил неколку фотографии од ревијата со која беше претставена новата колекција на брендот инспирирана од Исланд.
Јелена Ивановиќ нам ни е позната не само како успешна манекенка, туку и како сопственичка на белградската модна агенција Model Scouting Office, која во соработка со домашната агенција „Моделс ин“, се грижи за интернационалната кариера на нашите манекенки. Таа одигра голема улога во остварување на ангажманите на нашите најпознати модели Катарина Ивановска и Елена Трајановска.
Energy at #isseymiyake #ss18 #parisfashionweek #shows
A post shared by Jelena Ivanovic (@jelenaivanovic_) on
*Не е дозволено пренесување на содржината на www.stylist.mk без одобрение на уредништвото. При објавување на материјали од модниот сајт www.stylist.mk, во други медиуми задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот и поставете хиперлинк. Цитирањето и објавувањето на линкот е задолжително, во спротивност ќе подлежите на правни мерки.
Нема коментари