Популарниот шведски моден бренд H&M во последниве години оствари успешни соработки со познати модни дизајнери, а сега започнува една нова и поинаква со уметникот Џеф Кунс познат по својата кич естетика. Кунс прво дизајнира принт за чанта со мотив на неговото познато дело на куче од балони, а исто така доби задача да го редизајнира главниот бутик на H&M во САД, оној сместен на Петтата авенија во Њујорк.
Новиот декор ќе биде откриен на 17 јули, а ограничена серија на чантите дизајнирани од Кунс ќе се продаваат во Њујорк, Лос Анџелес, Далас и за среќа и на интернет страницата на брендот. Познатиот уметник ќе ја претвори продавницата на H&M во мини изложба, што може да му биде загревање за неговата најавена ретроспективна изложба во музејот Витни.
Нема коментари