Под мотото „Џинсот е повеќе од моден детаљ, повеќе од само парче облека. Џинсот е дел од нашето секојдневие” денеска се одржа настанот Jeansomania (“Џинсоманија”) во трговскиот центар „Скопје сити мол“ во организација на “Фешн груп“. На настанот што се одржа во специјално дизајниран џинс корнер, во Fashion and friends учествуваа студентите од катедрата за арт и дизајн на Европскиот Универзитет (ЕУРМ), заедно со македонските ѕвезди Тамара Тодевска, Елена Ристеска – Ивановска, Сашко Коцев, Ненад Ѓорѓиевски и Димитар Атанасовски.
Под мотото „Џинсот е повеќе од моден детаљ, повеќе од само парче облека. Џинсот е дел од нашето секојдневие” денеска се одржа настанот Jeansomania („Џинсоманија”) во трговскиот центар „Скопје сити мол“ во организација на “Фешн груп“. На настанот што се одржа во специјално дизајниран џинс корнер, во Fashion and friends учествуваа студентите од катедрата за арт и дизајн на Европскиот Универзитет (ЕУРМ), заедно со македонските ѕвезди Тамара Тодевска, Елена Ристеска – Ивановска, Сашко Коцев, Ненад Ѓорѓиевски и Димитар Атанасовски.
Целта на настанот беше потсетување дека џинсот е материјал на многу генерации, кој никогаш не само што не излегува од мода, туку е инспиративна појдовна точка за создавање секогаш актуелни, модерни и тренди парчиња гадероба и накит. Историјата на оваа “евергрин” текстура го потврдува тоа, ако се знае дека првиот вистински џинс бил направен од Levi’s (“Ливајс”) во далечната 1873 година. Од тогаш па се до денес многу генерации го носеле џинсот на свој начин , оставајќи свој автентичен белег во историјата на мода.
За популарноста на овој материјал зборува и фактот дека Replay („Риплеј”) создаде специјално дизајниран џинс од кој беа креирани одела за фудбалерите на планетарно популарниот клуб Барса . Уникатениот настан „Џинсоманија”посветен на џинсот, беше организиран од “Фешн груп”, а покрај катедрата за арт и дизајн на Европскиот Универзитет (ЕУРМ), беше поддржан и од македонскиот креатор Никола Ефтимов.
Нема коментари