Една од најголемите тајни на модната индустрија е она што ја прави француската жена да изгледа толку неодоливо стилски. Дали е тоа заради нејзините шишки? Нејзиниот лежерен став? Нејзината природна сексуалност? Францизинката Жана Дама (Jeanne Damas) ги има сите овие квалитети. И без разлика колку од своето време го поминува патувајќи, знаете што велат: можете да ја извадите девојката од Париз, но не можете да го извадите Париз од девојката.
Жана заедно со Данкињата Пернил Тејскенс и Германката Вероника Хејбрунер се дел од новата кампања на Mango #BEanICON. Не е прв пат Жана да соработува во брендот Mango, а овојпат позира во модели од колекцијата за есен 2019. И притоа објаснува што е она што е париски стил.
-Секоја жена во Париз е различна, но ако има нешто што секоја парижанка има заедничко, тоа е таа ноншалантна страна, која е сè уште прилично едноставна и никогаш не е премногу софистицирана – се обидува Жана да го дефинира парискиот стил.
Вели дека нејзиниот личен стил нема некои правила. Таа никогаш не е премногу дотерана, ниту премоногу софистицирана, но е секогаш е своја. Чувствува дека има многу женствена страна, ама и межествена, и тоа се одразува во нејзината облека. Всушност, отсекогаш го има истиот стил: носи фармерки и фризура со шишки од својата 15-та година, но поминала и низ скејтерска фаза, што било баш кул.
Често патува, го задржува својот стил и кога е во други градови како Лондон или Њујорк, кои имаа поексцентирчен стил, и тогаш се осменува нешто да смени.
-Кои ми се омилени парчиња? Многу едноставно: фармерки, маица или летен фустан. Парчиња со прилично женски стил, но секогаш комбинирани со поголеми, потешки парчиња. Сакам големи џемпери, на пример. Џемпери, големи палта, тоа е играње со пропорции.
ЕВЕ ДЕЛ ОД МОДНИТЕ ПАРЧИЊА НА MANGO КОИ ЖАНА ГИ НОСИ ВО КАМПАЊАТА:
Нема коментари