Првите фотографии со креациите што славниот Жан Пол Готје ги дизајнира за шведскиот моден ланец Lindex укажуваат дека морнарските линии остануваат приоритет во неговото творештво. Францускиот креатор позира со црвенокосата манекенка Карен Елсон, која го носи црно-белите креации, молив фустани и здолништа, кожени јакна и панталони, како и маица со пруги-препознатливи за него. Дизајнерот направил и фустан, наметка и маица со принт налик на тетовирано тело. Покрај линијата за жени, тој треба да лансира, детска облека, модни додатоци и долна облека, кои ќе се најдат вопродажба во октомври. Десет отсто од продажбата на линијата ќе бидат дадени во добротворини цели, за здружението „Борба за нејзе“, кои се бори против рак на дојката. Межу другото поводот за соработката на Lindex со Готје е јубилејот од 60 години посtоење на ланецот продавници кои вбројува 480 салони во 16 европски земји.
Нема коментари