Оваа недела почнува првото издание од новиот џез фестивал во нашата држава Jazz Fortnight Festival, во чија програма од 20 март до 3 април ќе се одржат 15 концерти во 7 градови со 6 состави. Џезот е она кое нема рок на траење, не познава граници, раси или култури. Тоа е музиката која е направена за оние со префинет вкус. Сепак џезот не е ексклузивен, туку сеопфатен. Тоа е музика во која секоја нота може да биде илјадници пати отсвирена и секогаш на различен начин.
Сметаме дека оваа пролет македонската публика заслужува да уживате во две седмици исполнети со најдоброто од домашната џез сцена.
Ви го преставуваме Jazz Fortnight Festival 2019. Добро познати имиња од македонска џез сцена, на добро познати култни места во повеќе градови низ државата од 20-ти март до 3-ти април годинава ќе ви приредат вистинско музичко доживување.
Еве го распоредот на концертите:
20 март | Дом на млади – Штип | Сашо Поповски Трио и Зулу 3.4
21 март | Киц Романса – Македонска Каменица | Симон Киселички Трио
21 март | Public Room - Скопје | Иван Иванов Квартет
22 март | Public Room - Скопје | Сашо Поповски Трио
23 март | Public Room - Скопје | Брама Трио
24 март | Public Room – Скопје | Зулу 3.4
26 март | Podroom - Куманово | Иван Иванов Квартет
27 март | Podroom - Куманово | Симон Киселички Трио
28 март | Porta Jazz - Битола | Иван Иванов Квартет
29 март | Bar 37 – Кавадарци | Џоле Грујовски
29 март | Porta Jazz - Битола | Симон Киселички Трио
30 март | Take Five - Прилеп | Брама Трио
30 март | Bar 37 – Кавадарци | Сашо Поповски Трио
02 април |КОТУР - Скопје | Џоле Груjoвски
03 април |КОТУР - Скопје | Симон Киселички Трио
Нема коментари