Новоотворениот центар за дизајн и иновации „Јавна соба“ распишува отворен повик за сите модни и продукт дизајнери од Македонија кои имаат готов производ или серија на производи и сакаат да склучат договор за комисиона продажба во концептуалната продавница на „Јавна соба“. Повикот е отворен до 15 октомври 2015 година, а може да се пријават компании и самостојни активни модни и продукт дизајнери кои веќе имаат изработено парчиња мебел, помагала за во домаќинство, облека и аксесоари или се во фаза на подготовка за производство на истите, се добредојдени да стапат во контакт со организацијата „Јавна соба“. Просторот во продавницата е лимитиран, а со тоа и бројот на компании и автори кои ќе можат да склучат договор за комисиона продажба.
За пријава на конкурсот секој кандидат треба
1.Целосно да ја пополни пријавата.
2. Да испрати максимум 5 фотографии или скици во JPG или PDF не потешки од 4 MB вкупно од производот или серијата на производи кои ги нуди за комисиона продажба. Одберете ги фотографиите или скиците кои најдобро ќе го претстават вашиот производ/серија на производи. Фотографиите/скиците сочувајте ги со вашето име и презиме и испратете ги преку www.wetransfer.com на marija@publicroom.org, при што со самото испраќање добивате автоматска порака кога ќе бидат симнати од страна на „Јавна соба“.
Нема коментари