Оваа година ќе се одржи 18-то издание на „Бела ноќ“, како препознатливо обележје на Град Скопје за активности од областа на културата на територија на централното градско подрачје, каде ќе се одбележи уметноста и креативниот потенцијал на градот преку настани кои ќе ја заинтригираат јавноста.
За таа цел ЈУ Универзална сала-Скопје и Град Скопје, распишаа Јавен повик за учесници кои се заинтересирани да аплицираат и да понудат иновативна програма со цел да се збогати културната понуда на градот Скопје.
Овогодинешното издание на „Бела ноќ“ ќе се одржи на 1 октомври 2022 на повеќе централни локации низ градот Скопје.
На конкурсот можат да се пријават уметници кои сакаат да бидат дел од овој настан, а творат во следниве области:
▪ ВИЗУЕЛНИ УМЕТНОСТИ (Ликовна уметност, фотографија, инсталација, видеоарт, стрип)
▪ ПРИМЕНЕТИ УМЕТНОСТИ (Архитектура, визуелен/индустриски/веб дизајн, мода, дигитални креации, видеоарт и инсталации)
▪ МУЗИКА
▪ ФИЛМ
▪ ТЕАТАР
▪ ЈАВНА УМЕТНОСТ
▪ УРБАНИ ИЗВЕДБИ И ПЕРФОРМАНСИ
Селекцијата ќе биде направена од страна на жири комисија врз основ на поднесените апликации а водејќи се од критериумите: квалитет, иновација и оригиналност на идејата, презентирање и афирмирање на современото творештво, урбаната култура и јавната уметност во опсег на предложениот концепт.
За учество во „Бела ноќ“ потребно е да се пополни апликацијата за учество со следниве документи:
▪ Биографија со личните податоци за уметникот/изведувачот или групата
▪ Опис на проектот, учесници/избор на учесници и активности, потенцијална локација
▪ Финансиска конструкција на проектот
За подетални информации за Јавниот повик :Документите во писмена форма може да се достават на адреса: Бул Партизански одреди 22 ( Зграда на Библ. Браќа Миладиновци ) http://univerzalna.com.mk/belanok,
belanok@univerzalnasala.com.mk или на телефонскиот број 02 32 45 615.
Крајниот рок на аплицирање е 25.07.2022
Нема коментари