Годинашниот добитник на „Оскар“ за споредна машка улога, Џаред Лето, ја покажа својата софистицирана, елегантна модна страна во едиторијалот за магазинот Flaunt. На фотографиите, со луксузно опкружување, 42-годишната ѕвезда на Dallas Buyers Club, носи креации од неколку познати модни куќи. Прва од комбинациите е крзнено палто од Diesel Black Gold и блуза од Мајкл Корс. Следува спој на бел костум од „Долче и Габана“ и блуза од „Александар Меквин“. На други фотографии носи винтиџ сино кимоно. Најрокерскиот стајлин содржи кожена јакна од „Баленсијага“, мрежеста бела блуза од „Сен Лоран“ и панталони од Марк Џејкобс. Најшарената комбинација е со хавајка-кошула од „Прада“, споена со панталони од Марк Џејкобс, маица од „Американ Апарел“ и чорапи од Пол Смит. Тука е и темносиното плато од Марк Џејкобс споен со маичка од „Пинстрајп“ и панталони од Мајкл Корс. Дел од накитот е со потпис од Вилијам Хенди. Фотографиите ги направи Ерик Реј Дејвидсон.
Нема коментари