Само неколку дена по пострижување на долгата омбре физура и бричење на брадата, оскаровецот Џаред Лето шокира со крајно неочекуван изглед на Париската модна недела. На вчерашната ревија на брендот Balmain актерот се појави со платинесто руса коса, залижана наназад. Многумина коментираа дека со целокупниот стајинг (бела ролка и темносино палто) наликува на славниот дизајнер Карл Лагерфелд.
Исто така, сосема неочекувано, на истата ревија со слична фризура, залижана наназад во платинесто руса нијанса се појави и Ким Кардашиан. Ѕвездата на реалните шоуа носеше црно, што дополнително ја нагласи констраста со косата. Лето и Кардашјан го привлекоа цело медиумско внимание и го украдоа шоуто на Balmain.
Нема коментари