Што е јапанди? Збор кој е спој на Јапонија и Скандинавија, односно во јазикот на уредување на ентериери тоа е спој на јапонски рустикален минимализам и скандинавска функционалност. Јапанди се фокусира на едноставна и минималистичка естетика која е истовремено многу функционална. Користените бои се претежно природни, пригушени и неутрални, а големо внимание се посветува на квалитетната изработка, особено на рачната, која што е трајна и му пркоси на времето. Овој декор тренд е директно поврзан филоцофијата вткаена во јадрото на Јапонија – дека сè се врти околу одржливоста на животната средина.
Овој нов и доста популарен стил го спојува најдоброто од јапонскиот дизајн со скандинавските ентериери. Овие два стила имаат многу заеднички точки, а инспирирајќи се меѓу себе ја креираат фузијата нарачена јапанди. Ова е и спој на скандинавскиот hygge концепт кој се однесува на удобноста, и јапонаската теорија на wabi-sabi која е во знакот на едноставна, нецелосна и убава естетика.
Во основа јапанди стилот е минималистички. Ги комбинира чистите линии и уредната и ненатрупана естетика на јапонскиот дизајн со опуштениот и „кул“ стил на скандинавските ентериери. Јапанди се однесува на мебел од топло и темно дрво, органски форми, текстура и рачно изработена керамика. Се користи пригушена палета на бои (на пример, бледосина, светлоцрвена, окер и пригушено зелена), неутрални и земјени тонови, но може да се сретнат и детали во црна боја. Крајниот резултат е дом кој мирен, лишен од неред и функционален.
Нема коментари