Хеди Слиман пронајде нова модна инспирација во актерката и пејачка Џејн Биркин и ја фотографира за новатата кампања на модната куќа за која креира, „Сен Лоран“. Позната по култната инспирација за една од најпознатите чанти во светот, Hermès Birkin, 69-годишната Биркин сега позира во модели од новата серија Le Smoking фракови на „Сен Лоран“. Фотографирана е неколку дена по ревијата на висока мода на „Сен Лоран“ во Париз и ја продолжува низата на познати музичари кои ги рекламираат креациите на овој бренд, како Џони Мичел, Кортни Лав, Мерилин Менсон и Ким Гордон. Но според некои познавачи кастингот на Биркин во рекламата има најголем резон и на најдобар начин оддава омаж на историјата на куќата формирана од Ив Сен Лоран. Во 60-тите Џејн и Ив беа дел од живописната париска модна сцена, а дизајнерот наводно организирал приватни ревии само за неа.
Нема коментари