Претставена е долгоочекуваната најава за новиот, 25-ти по ред, филм за Џејмс Бонд, во кој Даниел Крег за последен пат го глуми тајниот агент 007. Во трејлерот го среќаваме Рами Малек како главниот негативец, како и Лашана Линч која што ја глуми новата агента и за која се претпоставва дека ќе го налседи Крег во улогата на 007. Во останатите улоги се појавуват Леа Сејду, Рејф Фајнс, Кристоф Валц, Наоми Харис, Џефри Рајт, Ана де Амас, Бен Витшоу, режијата е на Кери Џоџи Фукунага, а на сценарискиот тим се приклучи и креативната Фиби Волер-Бриџ.
Нема коментари