Со пристигнување на пролетта и со покачување на температурата, дебелите јакни, бундите и капутите ги заменуваме со полесни палта. Оваа сезона голем хит се т.н. „бомбер јакни“. Моделот, кој всушност е варијанта на авијатичарска јакна, буквално ја „бомбардира“ улината мода. Се појавија неколку варијанти. Почнувајќи од шарените со принтови инспирирани од природата (цветови, животински шари и тропски растенија), преку разните графички и апстркани шари, па сè до тие со апликации со ликови. Мразот го скршија т.н „колеџ јакни“, кои се во поспортска варијанта и се инспирирани од машки модели и горна тренерка. Тука се и едноставните верзии на еднобоен модел со ракави во различен тон или од поинаков материјал. Тие може да се носат и со посвечени варијанти. Доста се актуелни и тие со златна или сребрена боја, како и моделите исшарани со кристали или циркони. Сепак, најголем хит се повеќебојните модели, кои иако во минатато беше незамисливо да се носaт во некоја колорина комбинација, сега, стилистите охрабруваат да експериментирате. (А.Н.)
повеќе.
Нема коментари