Еден од поголемите трендови на зимски палта за оваа сезона се јакните поставени со волнено крзно, тренд кој се повикува на бохо-стилот од 70-тите години, но е интерпретиран на современ начин. Овие јакни може да се најдат во актуелните дизајнерски колекции како онаа на „Барбери“, но и во понудата на хајстрит брендовите како „Зара“. Може да биде со крој на рокерска кожена јакна, но и како подолго палтенце. Одлично се комбинира со фармерки, црни панталони и моторџиски чизми.
Нема коментари