Да, добро прочитавте, синот на Вил Смит, Џејден, ја рекламира женската колекција на „Луј Витон“ облечен во здолниште! Ако ве изненади тоа што прво „Луј Витон“ и Никола Гескиер во новата кампања го употребија виртуелниот лик Lightning од видеоиграта Final Fantasy, не треба да се чудите ни за лицата кои се ангажирани во остатокот од промотивната фотосесија за женската колекција на модната куќа за пролет-лето 2016 – три женски манекенки на кои друштво им прави Џејден Смит, седумнаесетгодишниот син на холивудските актери Вил Смит и Џејда Пинкет. И самиот актер, Џејден е познат по необичните изјави и ставови за сè во универзумот, како и по ексцентричниот моден стил кој се базира на принципот за родова флуидност. На Џејден не му е првпат да носи здолниште, впрочем во такво модно парче се појави и на својата матурска забава. Во овој дел од пролетната кампања Џејден и манекенките Сара Бренон, Риан Ван Ромпеј и Џин Кембел се фотографирани од Брус Вебер. -Јас само изразувам како се чувствувам во себе, што навистина не е некој посебен начин, бидејќи секојдневно се менува како се чувствувам за светот и за себе. Но, сакам да носам некои долги наметки за да можам да се чувствувам како да сум супер херој, но не мора нужно да носам костимирана облека секој ден – изјави Џејден во врска со кампањата и својот моден стил.
Нема коментари