Од моментот кога Џек Даниел одлучил да основа дестилерија во Линчбург, тој започнал патување во чиј тек светот се променил многупати, но една работа останала иста – неговото славно Тенеси виски
Замислете го следново: капки виски минуваат низ три метра јаглен од јавор со цел течноста да омекне. Потоа истата се сместува во специјални, рачно изработени, буриња, каде што созрева. Заборавете на календарот, во овој случај тој не се следи. Само тие што го тестираат одлучуваат кога е подготвено. Значајно е како изгледа, а исто и неговата арома. И да не заборавиме – каков му е вкусот. Сѐ ова не е измислена приказна за некаков рецепт туку точниот начин како самиот Џек Даниел го дестилирал своето Тенеси виски пред повеќе од еден век. Со потполноиста техника тоа се прави и денес.
Годинава се одбележува 150-тиот јубилеј на дестилеријата што Џек Даниел ја основал во , веднаш до изворот Кејв Спринг Холоу. Ова место, што наликува како да е извадено од разгледница, е совршено за производство на вискито што во Тенеси се пие од многу одамна. Џек бил екстремно специфичен човек кога било во прашање вискито и затоа, кога го открил споменатиот извор, се решил за потег што секој амбициозен млад човек би го направил: ја купил земјата и се фатил за работа.
Иако Даниел почнал да го прави своето виски неколку милји подолу, во мало пошумено долче на бреговите од Лус Крик, тој се одлучил за вистинскиот чекор кога ја избрал скромната пештера скриена во ридот. Низ неа тече чиста, студена, изворска вода во која што нема железо. Недостатокот на железо во водата е особено битно. Фрлете само игла во буре со виски и ќе видите зошто: железото ќе го уништи пијалокот и неговата прекрасна килибарна боја ќе ја направи здодевно црна. Иако во неа нема железо, водата од овој извор изобилува со неколку други минерали, извлечени од наслагите варовник типични за Тенеси, додека се спушта до пештерата. Минералите во оваа вода придонесуваат да се создаде карактерот на вискито Џек Даниелс.
Очигледно е дека бајковитата околина, како и квалитетот и квантитетот на водата, сите заедно го прават Кејв Спринг совршено место за произведување добро виски. Токму затоа статуата на Мистер Џек е поставена на ова место, на отворот на пештерата, за и денес да внимава на својата креација. Овој извор е причината зошто Џек дошол на ова место, а и поради тоа дестилеријата и денес тука е сместена. Секоја капка од Тенеси вискито Џек Даниелс, кое што се ужива во над 140 земји во светот, е направено со вода од изворот Кејв Спринг, избран и пронајден токму од основачот на дестилеријата.
Стариот „Број 7“, како што ова виски, исто така, е познато, не е само направено во Линчбург, туку е направено и од Линчбург. Тоа е произведено од водата во изворот Кејв Спринг Холоу, но и од гордоста и макотрпната работа на генерации мажи и жени кои на истото место го прават век и половина. Ова е најдобрата приказна за доследност уште од 1866 година. Да дознаете повеќе за Џек Даниелс и за 150-годишнината на дестилеријата посетете ја интернет-страницата www.jackdaniels.com.
За Џек Даниелс
Официјално регистрирана од Американската влада во 1866 година и сместена во Линчбург во сојузната држава Тенеси, дестилеријата Џек Даниелс е најстарата регистрирана дестилерија во САД.Таа е внесена и во Националниот регистар на историски локации. Џек Даниел е производител на светски славното Jack Daniel’s Old No. 7 Tennessee Whiskey, како и на: Gentleman Jack Rare Tennessee Whiskey, Jack Daniel’s Single Barrel Tennessee Whiskey, Jack Daniel’s Tennessee Honey, Jack Daniel’s Tennessee Fire, Jack Daniel’s Sinatra Select and Jack Daniel’s Country Cocktails.
Вашите пријатели од Џек Даниелс ве потсетуваат да консумирате одговорно.
Нема коментари