Вечерва во 20 часот во скопското кафуле „Цреша бар“ ќе се одржи продажна изложба на Владимир Владодлак Благојевиќ и Дијана Трајковска наречена „Владодлак имагинариум“, на која ќе бидат претставени парчиња накит со специфичен и оригинален дизајн, искреирани од нестандарни материјали и со интересна техника на изработка, како и биомеханички цртежи во техника рапитограф на хамер на контрастните Оган и Лед слики со акрлини бои, кои како соединувачки и спротивставувачки елементи, претставуваат реална рефлексија и симболика на времето и опкружувањето во кој се наоѓа човечкиот род.
Владимир Владодлак Благојевиќ е дипломиран етнолог, вработен во Музејот на Македонија. Од 2002 година започнува да креира накит и фигури од глина. Од 2010 година го проширува интересот на уметничкото изразување и започнува да се занимава со сликарство, при што, пренесувајќи ги инспиративните визии, создава впечатлив и оригинален опус на цртежи. Негов фокус останува и произведувањето на накит, кој го изработува од FIMO глина, полу скапоцени камења, акрилик, жица и картон. Дијана Трајкова дипломирала нa Факултетoт за ликовни уметности кaкo вајар сo втoрa нaсoкa конзервација и реставрација. Учесник на групни завршни изложби при факултетот за ликовни уметности и групна изложба на дипломирани студенти на ФЛУ во Дом на АРМ Скопје
Нема коментари