Во среда, 12 јуни, со почеток во 20 часот, во Музејот на современата уметност во Скопје ќе биде отворена изложбата Родови Перцепции (Perceptions Engendered), која се фокусира на женската уметност на британската и македонската сцена. Изложбата е ќе биде отворена до 12 август.
Во соопштението за оваа изложба стои следново:
Родови перцепции во Музејот на современата уметност – Скопје е последната изложба која е дел од колаборативниот кураторски проект Перцепции, фокусиран на женската уметност. Проектот, замислен како соработка помеѓу пет куратори од Западниот Балкан, во рамките на секоја остварена изложба претстави 24 дела од 14 британски уметници од колекцијата на Британскиот совет кои кураторите заеднички ги избраа и со кои влегоа во дијалог преку локалните уметнички дела. На тој начин Перцепции прерасна во флуиден женски уметнички простор на пресекот на различните културни, политички и теоретски стратегии во рамките на политичката географија на Западниот Балкан – почнувајќи од Цетиње, преку Нови Сад и Приштина, Бања Лука, за конечно да се претстави и во Скопје.
Изложбата во Скопје ќе го затвори изложбениот циклус со презентацијата на 39 современи уметнички дела од 25 жени, концептуализирани во три дела: видувања, репрезентации и репрезентации. Застапените уметници ја враќаат женската форма, прекинувајќи го репродуцирањето и продолжувањето на родовата хиерархија и конечно предлагајќи нови методи на размислување за (родовата) репрезентација.
Куратори на изложбата се Кумјана Новакова и Благоја Варошанец, соработник на проектот е Тихомир Топузовски, концептот на едукативната програма е на Бојана Јанева Шемова, визуелниот идентитет и графички дизајн е на Елена Диновска Зарапчиев и Илиана Петрушевска, а дизајнот на изложбата е на Јован Ивановски.
Уметници: Абигејл Лејн, Моника Мотеска, Камила Лоу, Евгенија Демниевска, Анета Светиева, Мадам Јевонд, Мирна Арсовска, Силија Хемптон, Лаура Олдриџ, Хелен Чедвик, Елизабет Прајс, Сара Лукас, Жанета Вангели, Ирена Паскали, Антеа Хамилтон, Трејси Емин, Клер Стренд, Џилијан Веринг, Верица Ковачевска, Љупка Делева, Рејчел Вајтрид, Христина Иваноска, Ана Темкова, Виолета Чаповска, Лубаина Химид.
Нема коментари