„Улица љубов” е насловот на изложбата на етаблираниот сликар Ване Костуранов, што ќе биде отворена в четврток во галеријата на Младонскиот културен центар во Скопје, со почеток во 20 часот. Изложбата ќе ја отвори поетот Никола Маџиров кој по овој повод напиша:
„Куќите на Ване Костуранов изгледаат природно надвор од симболите на градот, надвор од природните синџири на урбаната законитост. Во неговите животворни улици, куќите се вертикали на присуството во потрага по свој дом“.
Костуранов е роден 1979 година во Струмица. Активно се занимава со сликарство петнаесетина години. Учествувал на повеќе групни изложби, а одржал и девет самостојни. Уште како дете повеќе сакал да се изразува со цртежи и слики, отколку со зборови.
Нема коментари