Брендот за рачно изработен накит од епоксидна смола и полимерна глина, „УрбанЕра“, зад кој стои креативката Ема Морисон Митковска, на 29 декември ќе одржи изложба во скопското арт-кафе „Концепт 37“. На предновоходишниот настан, кој ќе почне в петок напладне ќе биде преставена новата колекција Bizarre.
-„УрбанЕра“ е приказна што веќе втора година ја расказуваат “урбаните херои”, сите што ја акцентираат својата индивидуалност и различност. Овојпат приказната добива нови личности, и продолжува со изложба именувана Bizarre. Изложбата е реализирана во соработка со Ивана Секулоска и нејзините “little bizarre”. Гротескните и атипични графики и илустрации ги сместивме во парчиња накит. Затоа оваа изложба ја подариваме на сите кои се движат спротивно од правецот на ветрот и уживаат во необичноста-вели авторката на „УрбанЕра“.
Нема коментари