Дела на тројца надежни креативци-средношколци ќе бидат изложени од 25 до 29 март во просториите на во просториите на Агенција за сериозни интереси Serious Interests Agency – SIA во Скопје. Станува збор за Ема Ошавков-талентиран илустратор и графички дизајнер, која е ученичка во гимназијата „Јосип Броз -Тито“, Сара Ислам (ученичка во „Нова“) со афинитет кон аналогната фотографија и Виктор Наумовски (ученик во „Никола Карев“), кој веќе се промовира во нашата јавност со својот талент за модна фотографија.
Овие посетители на курсот на АаД агенција, со својата инвентивност и посветеност ја намалуваат границата помегу млад креативец и професионалец.
-Од отворањето, „АаД агенцијата“, која се занимава со подготовка на кандидати за интернационални креативни универзитети и индивидуален креативен развој, имаше чест да работи со талентирани млади креативци-велат од агенцијата.
1 коментар