Македонските дизајнери на современ накит, Андријана Андреева - Ани Соро и Владимир Благојевиќ - Владолак од 10 до 14 јуни ќе ги изложат своите креации во Галеријата „Ко-Ра“. Изложбата на цртежи и накит, „Со тебе во мене“, е уметнички дијалог на двајца креативци на тема љубов. Нивните дела ја истражуваат и откриваат љубовта во сите нејзини облици и форми, од нејзиното зачнувањее во внатрешноста на секое битие до нејзината манифестација кон надвор.
Во цртежите на Андреева (Ани Соро) љубовта е присутна во секоја клетка, помеѓу прашникот и толчникот на цветот, езерото и рибата, облакот и капката, Сонцето и Месечеината, Земјата и небото – сè е во с3 – тоа е љубов. Во овие дела се чуствува женскиот субејкт и глас кој го отвора или се надоврзува на „разговорот” што го започнал/продолжил Благојевиќ. Имено, тој слично на својата „соговорничка” исто така ја препознава љубовта во сите сфери, ги реобмислува машкиот и женскиот принцип, а притоа ја задржува моќта на машкиот авторски ракопис. Изложбата „Со тебе во мене“ е ритуал на поврзување преку љубовта. Во храмот ќе царува смеата, очите ќе зборуваат во љубовна тишина. Зборот ќе го оставиме пред портите ,овој пат тој е непотребен.
Андријана Андреева е родена 1973 во Скопје. Во 2001 година дипломирала на Филозофскиот факултет. Со заврсување на обука за филигран животот ја насочува во уметничките води. Езгистира како дизајнер на накит главно од сребро бакар, месинг во комбинација со дрво и драги полудраги камења. Освен среброто како медиум за изразување на внатрешните дозивување го користи и ликовниот израз. Во декември 2013 година во Домот на културата Коцо Рацин (Галерија’Ко-ра) прави самостојна изложба на накит на која, преку накит, музика, костими и перформанс го промовира Стимпанк (steampunk) движењето во Македонија. Со оваа изложбата на цртеж „Со тебе во мене“ го пробива ледот во ликовните води. На неа ќе има цртежи работени во период од десет години. Андреева твори под уметничкиот псевдоним Ани Соро.
Владимир Благојевиќ е роден 1979 во Скопје. Тој е дипломиран етнолог, а од 2002 година работи во Музеј на Македонија. Од 2002 изработува накит од фимо, полудраги камења, жици, картон и акрил, слика црта и моделира во глина. До сега имал една самостојна изложба во „Калдрма“ ракија бар во 2013 година. Твори под псевдонимот Владодлак. Изложбата во Галеријата „Ко-Ра“ ќе биде отворена во 20 часот.
Нема коментари