На 14 декември во „Јавна соба“ со почеток во 20 часот ќе се одржи изложбата Предизвикано / Создадено… by Design Challenge, како завршница на работата на седумте предизвикани дизајнери од проектот кој минатиот месец го иницираа дизајнерките Јана Ацевска и Мима Пејоска. По пријавувањето за предизвикот беа избрани следниве дизајнери Анита Силановска, Јасмина Главинче, Искра Геразова, Александар Пешевски, Ксенија Котев, Маја Стојковска и дуото Дафина Џепароска и Нита Муча, кои по десетдневна работа со строги правила и ограничени материјали се спремни да ги презентираат резултатите од играта. Се почна од идејата на Пејоска и Ацевска преку овој дизајн предизвик да ја размрдаат креативноста на македонската сцена. Секој од предзвиканите дизајнери доби едно пакетче во кое има скриени материјали и алатки, како и насока за креирање. Се останато имагинација и игра. Предизвикувачите како и предизвиканите имаат чест да ве поканат на презентација на парчињата накит кои произлегоа од оваа игра. Изложбата ќе има продажен карактер.
Нема коментари