Покрај тоа што дизајнира накит и декоративни предмети, Нина Симовска во исто време се занимава со изработување илустрации со кои вечер ќе се претстави на изложба во кафулето „Љубов“. Под името Fear is a Liar (Стравот лаже), дизајнерката ќе презентира околу 50 дела од кои дел се платна изработени во акрил техника, а другите се илустрирани цртежи исто така акрил со мастило. „Изложбата композициски се состои од два дела, илустрации кои имаат поблага тематска содржина и илустрации кои навидум имаат побизарна структура, која го објаснува насловот дека сравот е површен и е огледало на нашите емоции. Оттаму тој лаже“, објаснува Нина која создава под името Just Because. Настанот почнува во 20 часот.
Нема коментари