Инспирирани од синилото на Охридското езеро, светлината на градот и сите лица на небото над Охрид, четирите дизајнерки на современ накит, Јана Ацевска, Билјана Клекачкоска, Дафина Џепароска и Марта Пејоска сиздале уникатен современ накит што вчеравечер го претставија во Музејот на град Скопје. Изложбата наречена „Во синило те намамив”, по успешното претставување минатото лето во Охрид, до 31 мај ќе има можност да се погледне и во Скопје.
Присутните беа маѓепсани од убавината и автентичноста на накитот поставен на бели намења и песок. Тој е суптилен спој на современиот дизајн со старатата техника на изработување-филигран…. Дизајнерките користеле сребро, бронза, скапоцени и полускапоцени камења и секој од нив го доловила својот впечаток од езерските убавини, но и од архитектурата и флората во Охрид.
Фасцинацијата од синилото е силна инспирација и одредница во создавањето на уникатните парчиња современ накит. Колосалните водени површини, бескрајното небо и брзите реки се преточени во смели и заводливи сирени на кои не можете да им се одолее. Ви пренесуваме дел од атмосферата на отворањето на изложбата во Музејот на град Скопје. Фото: Stylist.mk
Нема коментари