Тројцата домашни дизајнери на современ накит Јана Ацевска, Флигор Кузмановски и Биби Клекачкоска заедно со Јоана Арделеан од Романија и Симеон Шомов од Бугарија ќе изложуваат на тема „Флора вс Фауна“ во просторот на Природно-научниот музеј во Скопје. Изложбата се отвора на 26 септември во 20 часот и ќе трае до 30 септември.
-Живееме на прекрасна планета. Полна со живот. Токму оваа планета секојдневно не воодушевува и инспирира. Секоја педа земја е единствена по својата убавина, полна растенија и животни кои се избориле да опстанат овде со нас… Инспирација која не понесе нас петмина и не донесе до овој момент што сакаме да го споделиме со вас – пишува во соопштението за изложбата.
Нема коментари