Колекцијата уникатен накит Hidden Stories на македонската креативка Ксенија Котев од денеска до 25 февруари ќе биде изложена во Artistar jewelry, за време на Миланската модна недела. Пред италијанската и светска модна публика на овој престижен настан ќе се претстави со шест свои креации. Ксенија е една од 170-те артисти-учесници на овој настан.
-Приказната започна со еден неочекуван повик од тимот на „Artistar” кој е промотор на овој настан со покана брендот „Ксенија Котев“ да биде дел од Миланската модна недела. „Artistar” се промотори на современ накит и организатори на изложби каде што артистите, модните стилисти, галериите, луксузните бутици и секако купувачите ќе можат да се состанат на едно место. Престиж и чест е да се биде дел од овој настан, да се биде дел од Миланската модна недела, а по настанот приказната може да продолжи на нивниот реномиран онлајн шоп и многу подалеку. Италија ми е „прва љубов“ и секогаш ќе ми биде во срцето кога е дизајнот, модата и уметноста се прашање, а проект од овој тип е искуство кое само ќе се збогатува бидејќи споделувањето на страста која си ја создавал цела година да ја презентираш пред една поинаква публика, публика која воздивнува на сличен начин на кој што и ти трепериш е поинакво чувство од стандардното-ни изјави Котев од Милано.
Ова не е прво интернационално преставување на Ксенија, меѓу другото минатата година беше дел од настан во Данска.
- Данска беше едно поинакво искуство за мене. Имав можност да изложувам и да ја почувствувам скадинавската страст за накит, а неколку години претходно учествував и во Швајцарија на Pop – Up Store-вели таа.
*Не е дозволено пренесување на содржината на www.stylist.mk без одобрение на уредништвото. При објавување на материјали од модниот сајт www.stylist.mk, во други медиуми задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот и поставете хиперлинк. Цитирањето и објавувањето на линкот е задолжително, во спротивност ќе подлежите на правни мерки.
Нема коментари