Вечерва во 20 часот во скопското кафуле „Радио бар“ дизајнерата на накит Ксенија Котев на изложба наречена Cradle of Desire ќе претстави колекција од филигрански накит со поглед од Месечината. Во објаснувањето за концептот стои: „Колекција со парчиња од месечината (Moon), бидејќи целата приказна е мистична (Mystify), но многу заплеткана (Tangled). Сребрена приказна која ја презентира едноставноста (Simplicity), опсесијата (Obsession) и несовршеноста на Кралот (King – Imperfection).“.
Нема коментари