Делата на мајсторот на фотографија и вечниоt провокатор Хелмут Њутон (1920-2004) поставени се на поп-ап изложба во ONGalley во Лондон, по што ќе бидат ставени на продажба онлајн. Колекцијата се однесува на 26 постари фотографи од 70-тите и 80-тите, некои од нив го обликуваа модното портретирање, како на пример, Rue Aubriot направена во Париз во 1976 година, на која актерката Вибеке Кнудсен позира во празна париска улица облечена во култниот смокинг на Ив Сен Лоран. На тридневната изложба ќе бидат поставени и портрет на Шарлот Ремплинг, познатата фотографија на која Џери Хол плука со вода друга манекенка, направена за Vogue во 1978 година, потоа Елза Перети, поранешна манекенка и денешна дизајнерка на накит која позира во костум на Плејбој-зајачица и други иконски и контроверзни модни фотографи.
Нема коментари