Инстаграм-фотографии снимени од македонскиот режисер и фотограф Ѓорче Ставрески ќе бидат изложени в среда со почеток во 20 часот во урбаното скопско кафуле „Концепт37“. Изложбата инстаграми „Сонувам во боја”, која содржи 20 фотографии, е составена од пејзажи сликани на мобилен телефон и споделени на социјалните мрежи.
Ставрески е наградуван филмски режисер, автор е на кратки и документарни филмови со кои има постигнато интернационален успех. Со уметничка фотографија се занимава аматерски 10 години, а ова е негова втора самостојна изложба. Првата самостојна изложба ја имаше во Каен во Франција во рамките на фестивалот „Балканс-транзит – 2009″.
Нема коментари