Македонската фотографка Лепа Георгиевска по школувањето во Милано и во Лондон извесен повеќе од една година живее во Сингапур, Малезија, а кон крајот на септември годинава во тајландскиот главен град Бангкок отвори изложба на свои дела со специфична тема – Bangkok Beauties (Убавиците на Бангкок) посветена на популарните „дами“ забавувачки во ноќните клубови во градот. Ја контактиравме Лепа да ни открие дел од фотографиите, да ни раскажи каде се одржа нејзината изложба и како помина настанот.
-Изложбаа се одржа во галеријата YenakArt Villa Gallery (yenakartvilla.com), една од најдобрите галерии на современа уметност во Бангкок. Задоволна сум многу дека имам можност проектот што го снимив во Бангкок да го претставам пред публиката од истиот град.
Кои се убавиците на Бангкок и како те интригираа за фотографирање? Како течеше комуникацијата и фотографирањето?
-Bangkok Beauties е серија на инсценирани портрети на најпопуларните, најгламурозните и шармантни забавувачи во ноќните клубови во Бакгкок. Ова е работа што ја почнав во април годинава, среќна сум што за неколку месеци успеав да најдам повеќе од 25 девојки за портретирање. Снимањата ги направив во ноќни клубови, гламурозни хотели и ресторани. Комуникацијата со секоја од девојките беше различна.
Според тебе, во што се состои нивната убавина и привлечност?
-Убавината е субјектива. Секој би препознал различни елементи на привлечност гледајќи ги овие фотографии. За мене тие се убави поради нивната способност за глумење и драматизација. Тоа се девојки што користат многу силна шминка и многу специфична гардероба, што ги доближува до дивите на филмот од 60-тите години.
Твојата работа најмногу се состои и модна и портретна фотографија, колку низ работата на оваа серија се заинтересира за life-фотографија и раскажување на цела животна приказна во еден кадар?
-Тоа е проект на фантазија и мистерија. Тоа се женски приказни, но само импровизирани женски приказни, без претпоставка дека некој од нас би го имал доживеано истото (или барем не на ист начин). Јас не барав реалност за да ги раскажам нивните приказни.
Веќе неко време си во Сингапур, како изгледа животот на Исток? Ти донесе ли свеж бран инспирација престојот таму?
-Во Сингапур сум веќе повеќе од една година. Свежата инспирација се Bangkok Beauties. Естетиката е различна во Бангкок, тоа е вибрирачки град полн со живот и емоции.
Нема коментари