Со изложба на фотографии од музички настапи на легендарниот Дејвид Боуви закажана за вечерва во 20 часот во Сули ан, ќе се отвори првото издание на фестивалот за музички документарни филмови Skopje Cinema City. На изложбата ќе бидат поставени фотографии изработени од славниот Бранислав Рашиќ, своевремено фотограф во рокенрол публикации во поранешна Југославија, денес музички фотограф со живеалиште во Лондон. Рашиќ ќе присуствула на изложбата како гостин на фестивалот, а публиката ќе има можност да види десетици концертни фотографии на Боуви, снимани почнувајќи од неговата турнеја Serious Moonlight во 1983 година, преку Tin Machine, па се до последните серии настапи од 2002 и 2006 година, пред неговото последно неколкугодишноповлекување од сцена. За изложбата во Скопје се пишуваше и на официјалната интернет страница на Боуви. Првата вечер е посветена на Боуви, па по отворањето на фотоизложбата следат неколку одлични документарци за него како „Дејвид Боуви – стариот актер“ на Алан Јентоб и „Берлин – инспириран од Дејвид Боуви“ на Вили Асгеирсон од Исланд.
-Она што нѐ радува е дека сонот ни стана реалност. Ја имаме комплетната поддршка на Дејвид Боуви кој го најави Skopje Cinema City на неговата веб страна (www.davidbowie.com), како и на неговата официјална Фејсбук страница. Брајан Рашиќ пристигна во Сули Ан, а изложбата за Боуви е веќе поставена – изјави Ненад Георгиевски, уметнички директор на фестивалот.
Нема коментари