Февруари во Милано не ви ја нуди само претпоставената Миланската модна недела како посебен настан, бидејќи неизбежно е ако сте веќе тука да најдете време и за исклучителните културни понуди кои не смеат да се пропуштат, од типот на извонредните големи изложби на култните уметници Енди Врхол и Васили Кандински. Но покрај тоа, во месецот „згуснат од мода”, уметноста и модата се допираат и на друго ниво, па за време на модната недела се одржуваше и уличната изложба организирана од магазинот Marie Claire насловена како „Мари Клер ја слави модата и додатоците”, а која се однесува на 10-годишнината на магазинот посветен само на модни додатоци. Во исто време имавме можност да ја видиме и моментната постановка во Текстилниот музеј Прато во Милано посветена на починатиот дизајнер Џанфранко Фере наречена „Белата кошула според мене“.
Што значи тоа да се биде модерен? Постојат оние кои измислуваат нешто: лидер, тренд, визија. Тука се и оние кои преземаат нешто што веќе постои и го претвораат во нешто повеќе и поразлично, сè додека тоа не стане едно парче само за себе, составен елемент на сопствената ДНК. Тоа е она што Џанфранко Фере го направи со белата кошула во текот на 90-тите години, кога таа стана водечка икона и некаков вид на метафора за неговиот стил.
Тоа е она што Текстилниот музеј Прато во Милано сакаше да го покаже во постановката која е хроника на еволуцијата на стилот на дизајнерот кој почина во 2007 година, а кој самиот изјави дека белата кошула е лајтмотив во неговата работа и дека е „во постојана потрага за иновации и константна, не помала љубов кон традицијата”. Тоа е она што може да се види од неговите белешки сочувани од Фондацијата „Џанфранко Фере”, основана во 2008 година со цел да се згрижи и биде достапно до публиката наследството на дизајнерот.
Изложбата оддава почест на работата и талентот на „архитектот на италијанската мода”. Во суптилни чувства на леснотија и игра на светлина, ова беше уникатна можност да се видат 27-те од најпознатите исклучителни бели кошули искреирани од Џанфранко Фере во преку дваесет години во модниот дизајн, заедно со пропратните дизајни, што ви овозможува како посетител на изложбата едно уникатно искуство и единствена шанса да се доживее дизајнерската поетика на Фере и неговиот иновативен уникатен пристап кон модата.
Покрај тоа ова беше и извонредна прилика да се види голема колекција од илустрации и технички скици направени од исклучителната рака на Џанфранко Фере, слики кои во само неколку потези, не само што ја пренесуваат идејата која зад неа и секој проект, туку исто така укажува на типот на ткаенина и специфичните детали и финиширања.
Музејот ја организира изложбата во намера да го покаже речникот на стилот на дизајнерот-архитект, кој имаше способност да направи нешто нвоо кое ќе биде вечно и универзално. „ Во лексиконот на современата елеганција, би сакал да мислам дека мојата бела кошула е термин кој се употребува универзално. Но се изговара како секој сака“, ќе изјави Фере.
Везови, карнери, транспарентност, големи волумени, белите кошули на Фере се неизоставен дел од историјата на костумот и модата. Оваа исклучителна можност да се ужива во дел од работата на култниот бесмртниот дизајнер модните љубеници можат да ја искористат до 24 јуни годинава, до кога трае изложбата во Прато.
Нема коментари